
Рома ја продолжи победничката серија во Серија А и по третпат славеше со минимални 1-0, но овојпат триумфот беше посебно сладок – дојде во вечното градско дерби против Лацио на „Олимпико“.
Херојот на „волчицата“ беше капитенот Лоренцо Пелегрини. Во 37. минута тој мајсторски ја искористи шансата и со прецизен удар ја смести топката во мрежата. Иронијата е што токму Пелегрини цело лето беше на излезна врата од клубот, а сега стана јунак на најголемото дерби во Италија.
Лацио не се предаде – веднаш по стартот на второто полувреме имаше огромна шанса за израмнување, но не ја искористи. Фрустрацијата кулминираше во завршницата, кога Белајанн доби заслужен црвен картон и „небесносините“ останаа со играч помалку. Сепак, и со човек помалку успеаја да создадат уште една голема можност преку Каталди, но неговиот силен удар заврши во стативата, а среќата овојпат беше на страната на Рома.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal