
Италијанското „Дерби на сонцето“ меѓу Рома и Наполи заврши со победа на римјаните од 2-0 против актуелниот шампион на „Олимпико“. На огненото дерби, каде по долги години повторно им беше дозволено да присуствуваат и гостинските навивачи, видовме и два црвени картони кои им беа покажани на играчите на Наполи.
Најпрво беше исклучен Матео Политано во 66. минута откако во еден дуел се обиде да шутне противнички играч.
Мурињо потоа заигра со тројца напаѓачи Стефан Ел Шарави, Пелегрини и Сардар Азмун и тоа брзо се исплатеше. Десет минути по исклучувањето на Политано, Рома поведе по големата мешаница во шеснаесетникот на гостите, во која најдобро се снајде Пелегрини.
Во 86. минута поради втор жолт картон беше исклучен и Виктор Осимен, оставајќи го Наполи со девет играчи на теренот. Во шестата минута од судиското надополнување, Ромелу Лукаку ја искористи бројната супериорност на неговиот тим и го постави конечниот резултат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат
