Connect with us

Рома го заврши трансферот на Суле од Јувентус

Рома го финализираше трансферот на Матијас Суле од Јувентус. „Волчицата“ плати 25 милиони евра за Аргентинецот.

Договорот на крилниот напаѓач е на пет години.

Во минатата сезона, Суле играше како позајмен играч во Фросиноне. За тој тим одигра 39 натпревари, постигна 11 гола и забележа три асистенции.

Крилниот напаѓач дојде во школата на Јувентус на почетокот на 2020 година од Велез Сарсфилд. За првиот тим на „бјанконерите“ има одиграно 21 натпревар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови