
Рома официјално го објави потписот на Ромелу Лукаку. Напаѓачот се приклучува на „волчицата“ на позајмица од Челси до следното лето, без вклучена опција за негово купување.
30-годишниот Белгиец ќе го носи дресот со број „90“. Според информациите од Рома, тие платиле меѓу 5 и 8 милиони евра за изнајмување на Лукаку, а тој се согласил и на значително намалување на платата која ја добивал во Челси, а сега ќе заработува околу 7,5 милиони евра годишно, што е за речиси 4,5 милиони помалку од договорот на „Стемфорд Бриџ“.
Трансферот на најдобриот стрелец беше постигнат по многу перипетии и трансфер пресврти.
Првично се веруваше дека Лукаку сигурно ќе остане во Интер, но откако стана јасно дека преговарал и со Јувентус, „нероаѕурите“ одбија дополнително да преговараат за него. Лукаку исто така беше поврзуван со преселба во Саудиска Арабија, но на крајот ја избра Рома, каде повторно ќе соработува со Жозе Мурињо.
Минатата сезона Лукаку одигра 37 натпревари за Интер, постигнувајќи 14 голови и 7 асистенции.
„Навивачите на Рома ми беа неверојатни – едвај чекам да започнам. Сопствениците овде имаат огромни амбиции“, изјави самиот фудбалер за клупската веб-страница на својот нов тим.
ECCOLO! Romelu Lukaku è un nuovo calciatore giallorosso! 🐺🇧🇪#ASRoma pic.twitter.com/wnOv8xGg7u
— AS Roma (@OfficialASRoma) August 31, 2023

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Млади репрезентации
Четири гола на Медин Емини, Македонија У16 ја победи Црна Гора со 5-0

Евро-фудбал
Рико Луис останува на „Етихад“ до 2030 година

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
