Connect with us

Рома го претстави Артем Довбик за ново засилување

Рома официјално го објави трансферот на Артем Довбик од Џирона. „Волчицата“ ќе плати за Украинецот 30,5 милиони евра, а со сите бонуси сумата може да достигне максимум 38,5 милиони евра. Само пред една година Џирона го привлече од Днипро-1 за 7,75 милиони евра.


Минатата сезона во Ла Лига, Довбик постигна 24 гола и забележа осум асистенции во 36 натпревари во шампионатот.

Претходно летово, Атлетико Мадрид постигна договор со Џирона за трансферот на Украинецот, но фудбалерот не ја прифати зделката затоа што не се согласи со „јорганџиите“ со предложените услови.

Довбик ќе игра со дресот број „11“ во Рома. Тој ќе биде првиот украински фудбалер во историјата на клубот од Рим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови