Рома сака да се ослободи од играчот од средниот ред Ренато Санчес. Португалецот дојде како позајмен од Пари Сен Жермен, но никогаш не успеа да се наметне и Жозе Мурињо нема намера да се потпира на него.
Според италијанските медиуми, раководството на „волчицата“ веќе стапило во контакт со своите колеги од ПСЖ и разговарале за можноста за раскинување на позајмицата на Санчес.
И самиот фудбалер не е задоволен од престојот во Рим. Неодамна влезе како замена против Болоња и Мурињо го замени по само 18 минути.
Португалецот не беше вклучен во тимот за пресметката со Наполи, а освен тоа од профилите на социјалните мрежи ги избриша сите фотографии од периодот во Рома.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













