
Кристал Палас и Рој Хоџсон денеска официјално се разделија по шест години.
На 15 февруари на Хоџсон му се слоши на тренинг, па поради тоа беше одложена прес-конференцијата пред премиерлигашкиот натпревар што тимот од Лондон го игра против Евертон.
„Овој клуб е уникатен и многу ми значи. Уживав целосно во моите шест години како тренер на Кристал Палас и затоа што добив можност да го правам она што го сакам со врвни фудбалери и други колеги. Одлуката ја донесов врз основа на моменталните околности. За клубот најважно е да ја испланира својата иднина. Затоа поднесувам оставка, за клубот да може побрзо да се посвети на своите планови и на следниот менаџер“, изјави англискиот стручњак.
„Сакам да му се заблагодарам на првиот човек на клубот Стив Периш, на американските партнери, моите соработници и другите со кои работев, за нивната помош и поддршка. Посебна благодарност до мојот пријател и помошник Реј Левингтон, тренерите Дин Кили и Педи Мекарти, како и членови на скаутската и аналитичката служба, како и медицинскиот тим. Благодарам и на играчите, ми беше задоволство да ве тренирам. Уверен сум дека навивачите ќе продолжат целосно да го поддржуваат Кристал Палас“, истакна 76-годишниот Рој Хоџсон.
Тој двапати раководеше со Кристал Палас, од 2017 до 2021 година, а минатата сезона ги спаси од испаѓање.
Австриецот Оливер Гласнер, кој оваа сезона доби отказ во Ајнтрахт Франкфурт, е главен кандидат за негов наследник на менаџерската позиција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
