Connect with us

Родриго: Знам дека местото и во Реал и во Бразил се заслужува само со добри игри

Ѕвездата на Реал Мадрид, Родриго, му се заблагодари на Карло Анчелоти за поддршката што ја добил за време на многу тежок период на крајот од минатата сезона. Бразилскиот напаѓач не доби минути во последниот месец од престојот на Анчелоти на клупата на „кралскиот клуб“, но не чувствува никакви негативни емоции кон сегашниот селектор на Бразил.

Во текот на летото имаше многу шпекулации поврзани со трансфер на Родриго, откако изгледаше дека го изгубил местото во тимот и не настапи по финалето на Купот на Kралот на крајот од април. Недостигот на минути и на Светското клупско првенство само ги засили сомнежите околу неговата иднина.

Во интервју за „TNT Sports Brasil“, Бразилецот призна дека постепено се враќа во својата најдобра форма по тежок личен период, без да открива детали.

„Постепено се враќам во форма по сè низ што поминав. На крајот на минатата сезона ми беше многу тешко. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство што беше покрај мене во тој период. Сакам да му се заблагодарам и на Анчелоти, затоа што тој најдобро знае низ што поминав и ми помогна многу“, изјави Родриго.

На Светското клупско првенство под водство на Чаби Алонсо, напаѓачот започна како стартер само еднаш, а во останатите случаи добиваше шанса како резерва. Оваа сезона Родриго започна два од петте натпревари на Реал и е решен да се бори за своето место.

„Секој ден работам напорно и го чекам својот момент. Знам дека Чаби Алонсо често ја менува формацијата. На почетокот од сезоната ме користеше повеќе на левото крило, но сите знаат дека можам да играм и во центарот, и на десното крило, како и секогаш“, истакна Бразилецот.

На последните две репрезентативни паузи, Анчелоти не го повика во составот на Бразил, нагласувајќи дека повик се дава само според играта на теренот. Тоа го доведува во прашање неговото место на Мундијалот 2026.

„Сите знаат дека никој нема загарантирано место. Карло Анчелоти секогаш бил јасен за тоа. Јас ќе продолжам да работам и да давам сè од себе. Го знам мојот потенцијал, знам што можам да донесам. Ако сум во добра физичка и ментална форма, можам да помогнам“, додаде Родриго.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови