
Ѕвездата на Реал Мадрид, Родриго даде интервју за „ЕСПН“ во кое зборуваше на различни теми. Бразилецот пред неколку дена и донесе победа на својата земја со голот против Еквадор, повторно зборувајќи за разочарувањето што остана надвор од 30-те номинирани за „Златната топка“.
Родриго игра како крилен напаѓач или како центарфор, и оваа негова разновидност му носи голема минутажа во „кралскиот клуб“, а тој вели:
„Честопати само пополнувам празни места. Дали има некој повреден? Дали недостасува некој од десната страна? Родриго ќе игра таму.. Дали недостасува некој како број „девет“? Повторно Родриго ќе го замени. Тоа е сѐ. Можеби малку ми пречи, но јас сум тимски играч“, вели Бразилецот.
„Сакам да ги освојам сите трофеи кои веќе ги имам освоено неколку пати. Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот и тоа е она што ме мотивира – секој ден да бидам на нивото на најдобриот клуб во светот. Затоа секој ден станувам да тренирам и да бидам подобар“, продолжува Родриго.
Тој уште еднаш го изрази своето разочарување што не е номиниран меѓу претендентите за „Златната топка“.
„Бев вознемирен кога видов дека не сум вклучен во номинираните. Мислам дека го заслужив тоа. Не сакам да ги омаловажувам играчите кои се таму, но мислам дека имаше место за мене. Беше изненадување, но не можам да направам многу, не носам јас одлуки околу тоа“, истакна бразилскиот напаѓач.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
