Манчестер Сити ја одбрани титулата англиски шампион. Избраниците на Пеп Гвардиола во последното коло од Премиер – лигата влегоа со два бода предност пред Арсенал, а на натпреварот против Вест Хем потврдија дека се најдобри во Англија.
За менаџерот Пеп Гвардиола тоа беше шеста шампионска титула на клупата на англискиот клуб.
Шпанецот Родри беше еден од клучните играчи во тимот на Пеп, а по освојувањето на титулата ја објасни разликата меѓу Сити и Арсенал. Тој смета дека разликата е во менталитетот.
„Кога Арсенал дојде на „Итихад“, почувствував дека тие момци не сакаат да победуваат. Тие само сакаат да ремизираат, ние го немаме тој менталитет“, изјави Родри.
Манчестер Сити имаше доминантен старт во соочувањето со Вест Хем на домашен терен во последното коло од Премиер – лигата. Веќе во 18. минута беше 2-0. Фил Фоден, неодамна прогласен за најдобар играч во Премиер – лигата, постигна прекрасен гол во втората минута, а потоа во 18. минута ги расчисти сите сомнежи за победата на шампионот. На крајот „граѓаните“ славеа со 3-1, а третиот погодок го постигна Родри.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski