Шпанецот Родри (28) стана првиот играч од средниот ред кој ја освои „Златната топка“ по Лука Модриќ. Ѕвездата на Манчестер Сити оваа сезона освои четврта последовна титула во Премиер – лигата и беше клучен играч за шпанската репрезентација на патот до титулата европски шампион во Германија.
Oдличниот играч од средниот ред откри дека за него Лионел Меси е најдобриот играч на сите времиња.
„Нема сомнение. За мене, Лионел Меси е најдобриот на сите времиња. Кога ќе ја прими топката, веднаш знаеш дека претставува закана. Кога би се соочил со него, би се обидел да му ја одземам топката, но тој би побегнал како да не постојам“, изјави Родри.
Меси од јули 2023 година игра за Интер Мајами. Оваа сезона, на 22 настапи постигна 21 гол и забележа 11 асистенции. Во кариерата, исто така, играл за Барселона и за ПСЖ, освојувајќи сè што можеше да се освои на клупско и на репрезентативно ниво.
„Златната топка“ ја има освоено осум пати.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













