Connect with us

Робињо уапсен во Бразил, мора да отслужи деветгодишна затворска казна (ВИДЕО)

Поранешната фудбалска ѕвезда Робињо, кој играше за Реал Мадрид, Манчестер Сити, Милан, уапсен е доцна синоќа во Бразил затоа што треба да ја отслужи деветгодишната затворска казна која ја доби по судска пресуда за силување во Италија во 2017 година.


Робињо долг период успеваше да остане слободен користејќи ги сите правни инструменти, но неодамна судот во Бразил донесе одлука дека мора да ја отслужи казната по пресудата од Италија.

Робињо во Италија беше осуден на девет години затвор поради учество во групен сексуален напад во 2013 година кога играше за Милан. Бразил не ги испорачува своите државјани, но Италија побара Робињо да ја отслужи казната во родната земја.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови