
Саудискиот фудбалски клуб Ал-Кадсија го отпушти тренерот Роби Фаулер, само четири месеци откако го назначи поранешниот играч на Ливерпул на оваа функција, објави Ројтерс.
48-годишниот Англичанец, кој осум пати беше најдобар стрелец во Премиер – лигата и одигра 26 натпревари за репрезентацијата на Англија, беше назначен на оваа позиција во јуни.
„Клубот ги цени напорите на тренерот и неговиот професионализам во овој период и му посакува успех во кариерата“, се вели во соопштението на Ал-Кадсија, моментно второпласиран тим во Втората лига на Саудиска Арабија.
На местото на Фаулер дојде поранешниот тренер на Севилја и Олимпик Марсеј, Мичел Гонзалес, кој играше за Реал Мадрид и шпанската репрезентација.
Роби Фаулер претходно беше менаџер на тајландскиот Муангтонг Јунајтед, австралискиот Бризбејн Роар и индискиот Источен Бенгал.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Саудиска Арабија ќе сфати дека фудбал не се прави само со пари
Саудиска Арабија е богата со пари и амбиции. Престолонаследникот Мохамед бин Салман вели дека...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна и Арсенал (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Мјуриел го „смрзна“ Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Црвена Звезда урна рекорд на Реал Мадрид

Евро-фудбал
Бод за Реал на гости кај Бетис (ВИДЕО)

Интернационалци
Миовски го најави пресвртот на Абердин

Евро-фудбал
Арсенал се вклучува во трката за Палиња

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна и Арсенал (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барселона нема да продава играчи оваа зима

Евро-фудбал
Клоп повторно ќе купува од Бундес-лигата

Евро-фудбал
Јувентус му подготви нов договор на Рабио

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна и Арсенал (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Мјуриел го „смрзна“ Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Бод за Реал на гости кај Бетис (ВИДЕО)
