Connect with us

Роберто Карлос се враќа од пензија: Англиски паб тим го купи за само пет фунти на eBay!

Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос по шест години ќе се врати од пензија и ќе игра во Англија. Карлос ја заврши кариерата на почетокот на 2016 година кога играше во Индија за Делхи Динамос, но шест години подоцна сите беа изненадени кога беше објавено дека легендарниот Бразилец се враќа на терените.

Фудбалската јавност синоќа беше во шок откако беше објавено дека Роберто Карлос повторно ќе игра на аматерски план во Англија.

Имено, Карлос потпиша за тимот на паб од Шропшир и овој месец ќе настапува за овој тим. Бразилецот се враќа од пензија и ќе игра за само пет фунти, што го потврди и секретарот на клубот „Бикот во Барн Јунајтед“.

„Плативме пет фунти за еден од најдобрите леви бекови во светот да потпише за нас. Роберто Карлос ќе игра за нашиот тим во февруари и ќе игра на еден од натпреварите. Никој не веруваше дека ова ќе се случи, ова е како сон“, рече Метју Бравин за „Би-Би-Си“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови