
Роберто Фирмино, по само 14 натпревари и три постигнати гола, е подготвен да го напушти саудискиот клуб Ал-Ахли и да се врати во Европа.
Медиумите од Апенините ја лансираа сензационалната вест дека поранешниот напаѓач на Ливерпул сака да ја напушти Саудиска Арабија. Милан е заинтересиран, велат на „чизмата“.
Фирмино ова лето шокираше со одлуката да го напушти Ливерпул и да прејде во Ал-Ахли на слободен трансфер. Сепак, неговата кариера таму не оди според очекувањата и наводно сака да се врати во Европа веќе во зимскиот преоден рок.
Во редовите на Милан се свесни за ситуацијата околу 32-годишниот Бразилец и се подготвени да го убедат да дојде во градот на модата.
Најдобрите денови во кариерата Фирмино ги помина во Ливерпул од 2015 година. Англискиот гигант за него плати 41 милион евра на Хофенхајм.
За Ливерпул одигра 352 натпревари и постигна 107 гола со 78 асистенции. Пред четири години беше шампион на Европа, а пред три години ја освои Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Сари: Лацио не заслужи пораз на дербито

Евро-фудбал
Серхио Бускетс става крај на кариерата

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)
