Connect with us

Ришарлисон: Сакав да се откажам од фудбалот, но психолог ми ја спаси кариерата

Бразилскиот напаѓач Ришарлисон (26) има добра сезона за Тотенхем. Во 23 настапи оваа сезона во Премиер-лигата, тој постигна 10 гола и додаде три асистенции, а импресивна беше неговата серија од октомври минатата година до почетокот на февруари, во која постигна гол на седум од осумте натпревари на кои настапи.


Поранешниот играч на Вотфорд и на Евертон, од каде лондонскиот клуб го донесе летото 2022 година за 58 милиони евра, често беше цел на критики, а призна дека минатиот септември му била потребна психолошка помош откако беше снимен како плаче на клупата за резерви на натпреварот на Бразил против Боливија.

Сега, во интервју за бразилскиот „ЕСПН“, тој откри детали за неговата борба со депресијата.
Ришарлисон зборуваше за тоа како се чувствувал по Светското првенство во Катар, каде неговата репрезентација беше елиминирана во четвртфиналето од Хрватска.

„Само што играв на Светското првенство, можеби го достигнав врвот. Не знам, нема да зборувам за самоубиство, но таму бев депресивен и сакав да се откажам. Дури и јас, кој изгледав ментално силен. По Светското првенство се чинеше дека сѐ ми се распадна.

После тоа, кога се вратив во клубот, пред да дојдам на тренинг, веќе сакав да си одам дома. Само сакав да се вратам во мојата соба бидејќи не знам што ми се вртеше низ главата. Дури отидов и му кажав на татко ми дека ќе се откажам од фудбалот. Малку е тажно да се каже тоа. Низ што сѐ поминав по Светското првенство… Лудо е да одам кај татко ми, кој посакуваше да ми се исполни сонот, и да му кажам: „Тато, сакам да се откажам“.

Бразилецот вели дека одењето на психолошка терапија е најдобрата одлука што некогаш ја донел.

„Мислам дека терапевтот, сакал некому да му признам или не, ме спаси. Ми го спаси животот. Пред да помислам дека тоа е глупост… По ова искуство, советувам секој што чувствува нека му треба психолог, нека го побара затоа што е убаво да се отвориш и да разговараш со таа личност“, советува Ришарлисон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови