Connect with us

Ришарлисон јавно го прозва Конте по елиминацијата од ЛШ

Фудбалерите на Милан синоќа се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако на реваншот во Лондон против Тотенхем одиграа без голови. Во првиот натпревар Милан победи со минимален резултат (1-0).


По натпреварот и испаѓањето, бразилскиот напаѓач Ришарлисон јавно го критикуваше тренерот на Тотенхем, Антонио Конте.

„Оваа сезона е, извинете на изразот, ср*ње. Сакам да играм повеќе, не ги разбирам одлуките на Конте. Не разбирам, играв добро и бев во добра форма. Кога почнав, ги победивме Астон Вила и Челси, а потоа Конте одеднаш ме стави на клупата. Ми даде пет минути против Волвс. Го прашав зошто и не ми одговори ништо“, изјави Ришарлисон.

„Се прашувам што ќе каже утре. Јас не сум идиот, јас сум професионалец, работам секој ден и сакам да играм. Имав лесна повреда, но кога сум на терен давам сѐ од себе. Нема многу дискусија.“

На Ришарлисон не му се допадна тактиката на мечот против Милан.

„Не можеме да играме така, тоа не е игра на Тотенхем. Ни требаше гол, но не го дадовме. Ниту еден, а камоли два. Морав да играм повеќе, да му помогнам на тимот во нападот“, изјави Ришарлисон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови