Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, е изборот број 1 на новиот малцински сопственик на Манчестер Јунајтед, Џим Ретклиф, пренесуваат англиските медиуми. Според информациите, можното назначување на Саутгејт за менаџер на „црвените ѓаволи“ го поддржуваат дел од играчите во тимот, како и идниот спортски директор Дан Ешворт.
Ретклиф е уверен дека може да го убеди Саутгејт да го преземе тимот. Герет е на чело на Англија од 2016 година и има договор до декември 2024 година. ФА на Англија сака да го продолжи договорот со селекторот, но сѐ уште не е јасно дали тој сака да продолжи да работи со националниот тим или ќе биде во искушение да започне нов предизвик, овојпат на клупски план.
И покрај големата победа над Ливерпул во четвртфиналето на ФА купот, Ретклиф не беше убеден дека Ерик тен Хаг е човекот кој ќе го води тимот во иднина. Сепак, Холанѓанецот е под договор до 2025 година и неговиот евентуален отказ би го чинел клубот отштета од 10 милиони фунти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













