
Македонскиот репрезентативец Игор Алексовски останува верен на Работнички. Тој денеска го продолжи договорот со клубот за дополнителни 18 месеци, објави ФК Работнички.
„Среќни сме што ќе го имаме Игор Алексовски во тимот и во наредниот период. Неговото останување беше еден од приоритетите на клубот, тој треба да биде една од клучните фигури во тимот што треба да го врати Работнички при самиот врв на македонскиот фудбал. Ќе работиме на уште неколку засилувања на составот за да бидеме подготвени за новата сезона во која треба да се бориме за највисок пласман“, изјави претседателот Драган Поповски за официјалниот сајт на клубот.
Останувањето на Алексовски ќе донесе сигурност и цврстина во одбраната, а Работнички и во наредниот период ќе има квалитетно решение на голманската позиција.
Минатата сезона Игор Алексовски имаше 27 настапи за Работнички во македонскиот шампионат, а досега има два настапи и во најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
