Ренова и Пелистер ремизираа без голови во последниот натпревар од 23.коло во Првата фудбалска лига. Битолскиот тим повторно успеа да освои еден бод во дуелот со „гипсарите“ овојпат и во Тетово.
Ренова имаше одлична шанса брзо да дојде до предност, но Ремзифаик Селмани во 9.минута пропушти да реализира пенал. Тој го погоди дирекот, а потоа топката се одби во поле.
Тимот на Ќатип Османи ја имаше иницијативата, но, сепак, не успеа да го пробие бедемот на Пелистер. Во вториот дел, „гипсарите“ останаа и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Кахримановиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal