Ренова не знае за триумф три кола во македонскиот шампионат и затоа денеска (15 часот) има императив да го совлада последнопласираниот Пелистер во Тетово, во последниот меч од 23.коло во Првата фудбалска лига. Тимот на Ќатип Османи на стартот на пролетта победи во Штип, а оттогаш има една победа и две ремија.
Пелистер е речиси сигурен второлигаш, но пред две кола успеа да ремизира (1-1) против Ренова на натпреварот кој се одигра на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Оттаму и амбициите на битолчани да се обидат и денеска да остварат позитивен резултат.
Претходно, во 23.коло од Првата лига постигнати се следните резултати: Шкендија – Тиквеш 2-1, Брегалница – Борец 3-0, Македонија ЃП – Скопје 1-1, Академија Пандев – Струга Трим Лум 1-0, Шкупи – Работнички 2-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













