Connect with us

Реми за Баерн Минхен, но реми и за Борусија Дортмунд (ВИДЕО)

Германскиот првак Баерн Минхен ремизираше 1-1 против Хофенхајм на домашен терен, а тоа не успеа да го искористи Борусија Дортмунд која исто така одигра нерешно 3-3 против Штутгарт на гости. Баварскиот клуб остана со два бода предност на врвот на табелата во Бундеслигата.

Бенјамин Павар во 17.минута донесе водство за Баерн Минхен, но израмни Андреј Крамариќ од слободен удар во 71.минута од дуелот.

Борусија Дортмунд имаше 0-2 против Штутгарт, дозволи домаќинот да израмни со фудбалер помалку, а Џовани Рејна во судиското продолжение донесе ново водство за „милионерите“. Сепак, Силас во 97.минута донесе и конечно реми (3-3) на овој дуел. 

Лајпциг славеше против Аугсбург со 3-2, а Келн и Мајнц ремизираа 1-1. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови