Герет Бари, кој го држи рекордот по број на натпревари во Премиер-лигата (653), се враќа на теренот на 43-годишна возраст. Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер сити и на Астон Вила се приклучи на Херстпирпоинт, тим кој игра во втората дивизија на фудбалската лига на Среден Сасекс (11-то ниво на фудбалот во Англија).
„Герет дојде на тренинг и се вљуби повторно во фудбалот. Можеби нема да игра секоја недела, но тој е одличен играч и секако дека ќе го подобри нашиот состав. Ќе го оставам да прави што сака. Тој може да игра каде сака на теренот, но очекувам да биде нашата заштита пред дефанзивната линија“, изјави претседателот на клубот, Дадли Кристенсен.
Со Манчестер Сити, Герет Бари стана шампион на Англија (2011/12) и освојувач на ФА купот (2011), а во кариерата играше уште и за Астон Вила, Евертон и за Вест Бромвич.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













