Стивен Бергвајн денеска потпиша петгодишен договор со Ајакс. Трансферот на 24-годишниот играч е вреден 31.250.000 евра, објави „Би-Би-Си“ и е најголем во историјата на холандскиот фудбал.
Холандскиот фудбалер сакаше да го напушти Тотенхем откако не успеа да се избори за поголема минутажа кај тренерот Антонио Конте. По доаѓањето на Иван Перишиќ и на Ришарлисон, тој почувствува дека ќе биде вишок во лондонскиот тим.
Бергвајн, кој играше за Ајакс во помладите категории, се пресели во Тотенхем во јануари 2020 година од ПСВ Ајндховен. За лондонскиот клуб одигра 83 натпревари и постигна осум гола.
𝙎𝙀𝙑𝙀𝙉 𝘽𝙀𝙍𝙂𝙒𝙄𝙅𝙉 ❼ pic.twitter.com/XmcCRmPdJW
— AFC Ajax (@AFCAjax) July 8, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













