Левиот бек на Реал Мадрид, Ферлан Менди заработи посериозна повреда на мускулот поради која ќе биде надвор од терените два месеци. Оваа вест денеска ја потврди „кралскиот клуб“, а Менди ќе пропушти клучен дел од сезоната.
Реал Мадрид во следните два месеци ќе одигра дури 15 натпревари во четири натпреварувања, Светското клупско првенство, Ла Лига, Лигата на шампионите и Купот на кралот, а Менди ќе ги пропушти сите.
Французинот е единствениот вистински лев бек во тимот, а сега Карло Анчелоти ќе мора да го употреби Давид Алаба.
Добрата вест од Мадрид е дека Дани Карвахал и Аурелиен Чуамени се опоравија и во четврток би можеле да бидат на клупата против Валенсија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













