Connect with us

Реал објави: Милитао е позитивен на Covid-19

Проблеми со коронавирусот во Реал Мадрид. Португалскиот интернационалец Милитао е позитивен на Covid-19 објави „кралскиот клуб“. Тој добил позитивен тест во пресрет на утрешниот меч со Интер во Лигата на шампионите. 

Ова е нов голем проблем за тренерот Зинедин Зидан кој ионака се мачеше да ја состави одбраната. Повредени се Карвахал, Одриозола, Начо и Лукас Васкез. Милитао беше една од опциите за да ја покрие десната бековска позиција. 

Милитао е вториот фудбалер на Реал Мадрид кој е позитивен на коронавирус од почетокот на здравствената криза. На самиот почеток позитивен беше и Маријано Дијаз. 

    

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови