Реал Мадрид многу потешко од очекувањата се пласираше во четвртфиналето на Купот на Шпанија, со оглед дека мораше да игра продолженија против Селта на „Сантијаго Бернабеу“. Но, на крајот за само 15 минути „кралевите“ постигнаа три гола и славеа со 5-2. Херој беше младиот Бразилец Ендрик, а прекрасен гол постигна и Феде Валверде.
Килијан Мбапе го доведе Реал во водство во 37.минута, а Винисиус Жуниор зголеми на 2-0 во 48.минута. Тогаш сите помислија дека Реал ја заврши работата, но не и фудбалерите на Селта.
Бамба намали во 83.минута, а Маркос Алонсо од пенал израмни на 2-2 во 91.минута. Мечот отиде во продолженија, „кралевите“ се мачеа, но на крајот сепак експлодираа со три гола.
Осасуна го победи Атлетик Билбао со 2-3 на гости и го елиминира актуелниот освојувач на Купот, а Реал Сосиедад беше подобар од Рајо Ваљекано и славеше со 3-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













