
Шпанскиот гигант Реал Мадрид најави дека во зимскиот преоден рок нема да доведува нови фудбалери, но германскиот „Билд“ го откри тајниот план на Зинедин Зидан. Тој сака во јануари на „Сантијаго Бернабеу“ да го доведе Доминик Шобошлаи, офанзивниот играч за врска на Салцбург. Првиот контакт веќе го остварил телефонски и му најавил дека сака да го види во својот тим, а допрва ќе следат конкретните преговори.
Шобошлаи оваа сезона учествувал во 17 погодоци на својот тим како стрелец и асистент, а тоа не остана незабележано од скаутите на Реал Мадрид. На Зидан му недостига играч кој ќе го раздвижи навалниот ред и смета дека Унгарецот може да донесе нова енергија во разнишаниот тим на „кралевите“.
Реал Мадрид е подготвен да плати 25 милиони евра за да го доведе младиот фудбалер во своите редови, но во наддавањето се вклучува и европскиот првак Баерн Минхен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
