Капитенот Карим Бензема влезе во групата на Реал Мадрид за првиот дуел против Ливерпул во осминафиналето во Лигата на шампионите. Првиот меч се игра утревечер на „Енфилд Роуд“, а искусниот напаѓач го пропушти првенствениот меч со Осасуна во Ла Лига.
Сепак, ова не значи дека Карло Анчелоти нема проблеми. „Кралевите“ ќе бидат дестекувани во средниот ред. Тони Крос и Аурелиен Чуамени нема да бидат дел од натпреварот, откако не беа вклучени во составот на Карло Анчелоти за гостувањето на „Енфилд“.
Двајцата се опоравуваат од повреди и поради таа причина го пропушти натпреварот против Осасуна. Германецот минатата седмица беше болен и од грип, што дополнително му го отежна враќањето во форма.
Во авионот за Англија се најде и 19-годишниот Алваро Родригез кој дебитираше за Реал во Ла Лига против Осасуна. На овој натпревар Уругваецот имаше асистенција за вториот гол во триумфот од 0-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













