
Наредното лето, според сите индикации, ќе донесе голем број навистина спектакуларни трансфери.
Челси ќе има многу тешка задача да го задржи Кол Палмер во својот тим, бидејќи Карло Анчелоти побарал од управата на Реал Мадрид да го донесат одличниот Англичанец следното лето.
Палмер пристигна во Челси за околу 47 милиони евра минатото лето, откако Пеп Гвардиола не му даде шанса да игра во Манчестер Сити.
Очигледно, тоа беше голема грешка на Гвардиола, а Палмер го покажува тоа на теренот. Оваа сезона веќе постигна шест гола и додаде пет асистенции на девет одиграни натпревари.
Оваа статистика покажува дека во 54 одиграни натпревари откако пристигна во Лондон, Кол Палмер постигнал 31 гол и запишал 20 асистенции, и поради тоа е еден од најдобрите играчи во Премиер – лигата.
Според медиумите од Англија, навивачите на Челси нема долго да уживаат во неговите настапи во дресот на тимот од „Стемфорд Бриџ“, а за тоа ќе биде виновен Реал Мадрид.
Имено, управата на Реал Мадрид добила зелено светло од Анчелоти да го доведе Палмер следното лето во трансфер вреден 180 милиони евра, што би бил британски рекорд.
Наводно, челниците на Челси веќе започнале потрага по негова замена, а тоа би требало да биде крилниот играч на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана
