Connect with us

Реал Мадрид сериозно ја промени позицијата кон Мбапе

Позицијата на Реал Мадрид кон Килијан Мбапе е променета, пишува каталонски „Спорт“. Во последните години на „Бернабеу“, Французинот се сметаше за стратешка цел и најдобар играч на светот, но тоа веќе не е така. Во „кралскиот клуб“ прашуваат дали Мбапе е сѐ уште број 1 и како е подобар од Винисиус Жуниор и од Џуд Белингам?

Ова менува апсолутно сѐ во желбата на Реал Мадрид да го има во својот тим. Пред три години шпанскиот гигант беше подготвен да плати 200 милиони евра за францускиот фудбалер. Дванаесет месеци подоцна, Флорентино Перез повторно беше подготвен да даде многу за да го има Мбапе, а сѐ зависеше од самиот фудбалер. Тој избра да остане во Париз.


Одбивањето на Килијан во последен момент многу ги повреди мадриѓаните. Во исто време, Белингам одби повеќе пари за да го исполни својот сон и да заигра на „Бернабеу“. Сепак, Мбапе остана во ПСЖ, каде му дадоа милиони, а покрај тоа и сета спортска моќ во клубот.

Францускиот напаѓач има уште четири месеци од договорот и флертува со два или три клуба за да ги држи сите на работ. Сето ова го натера Реал Мадрид да гледа на Килијан Мбапе поинаку, тврдат медиумите на Пиринеите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови