Connect with us

Реал Мадрид се враќа на „Сантијаго Бернабеу“ по 560 дена

Фудбалерите на Реал Мадрид в недела ќе се вратат на својот стадион „Сантијаго Бернабеу“, 560 дена откако последен пат играа на тој терен. Познатиот стадион во Мадрид беше реновиран претходните 18 месеци, работите не се завршени, но стадионот ќе биде отворен за ограничен број навивачи, за мечот в недела во 21 часот, кога Реал ќе игра против Селта во Ла Лига.


Тоа ќе биде прв натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ од 1 март минатата година, пред пандемијата, кога Реал ја победи Барселона со 2-0 во големото дерби „Ел Класико“.

“Фудбалот се враќа на “Сантијаго Бернабеу“. Многу е возбудливо да се каже ова по сето она што го доживеавме во овие тажни и чудни времиња”, изјави претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

Како дел од мерките против пандемијата, шпанските власти им дозволуваат на клубовите да пополнат 60 проценти од капацитетот на стадионот, што би значело речиси 50.000 луѓе на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, в недела ќе има само неколку илјади гледачи против Селта.

Се очекува работите на стадионот комплетно да бидат завршени до крајот на 2022 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови