
Реал Мадрид изрази интерес за доведување на Кајл Вокер, капитенот на Манчестер Сити, кој најави дека сака да го напушти „Етихад“. Шпанскиот гигант го разгледува Вокер како потенцијална замена за нивниот долгорочно повреден десен бек Дани Карвахал.
Претходно, Вокер беше поврзуван со Милан и со Јувентус, но Реал Мадрид сега се приклучува во трката за неговиот потпис. Англискиот репрезентативец е познат по својата брзина, дефанзивна сигурност и искуство, што го прави привлечна опција за тим кој бара засилување на десната страна во одбраната.
Карло Анчелоти има многу проблеми на оваа позиција, со оглед дека Дани Карвахал е повреден долг период, а Лукс Васкез не прикажува добри игри.
Останува да се види дали Реал Мадрид ќе направи конкретен чекор за Вокер и дали Манчестер Сити би бил подготвен да го ослободи, имајќи предвид дека играчот сѐ уште има важна улога во тимот на Пеп Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го купи Тер Штеген

Евро-фудбал
Гонзало Гарсија нов тренер на Хајдук Сплит

Прва лига
Работнички го доведе Дашмир Елези
