Connect with us

Реал Мадрид реагира по скандалот: Невидена судиска одлука нѐ спречи да победиме!

Реал Мадрид излезе со став во врска со скандалот кој изби по крајот на натпреварот сo Валенсија. „Кралевите“ постигнаа гол при резултат 2-2, но тој не се броеше, бидејќи судијата го заврши натпреварот во текот на акцијата.


„Невидена одлука на судијата го спречи Реал Мадрид да победи“, пишува на официјалниот клупски сајт на Реал Мадрид.

„Белингем го постигна победничкиот гол, но Хил Манцано го поништи бидејќи сигнализираше крај на натпреварот кога топката беше во воздух“, додаваат од клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови