Шпанскиот гигант Реал Мадрид ја испрати првата официјална понуда за Килијан Мбапе. „Кралскиот клуб“ е подготвен да плати 160 милиони евра за да ја доведе француската мегаѕвезда на „Сантијаго Бернабеу“. Засега нема реакција од ПСЖ, иако одредени медиуми пренесоа дека фрацускиот веднаш ја одбил понудата и сака уште пари.
ПСЖ сигурно ќе се обиде да извлече нешто повеќе, затоа што според клаузулата во договорот треба на Монако да му плати 35 милиони евра при трансферот на Мбапе. Исто така, раководството на клубот интензивно контактира и со агентот на Кристијано Роналдо и сака да се осигура дека ќе успее да го доведе Португалецот во Париз и да направи нов маркетиншки бум, иако ќе го загуби Мбапе.
Роналдо е подготвен да замине од Јувентус и сигурно дека би се сложил да дојде во ѕвездениот тим на ПСЖ. Би било тоа сензација, тандем Меси – Роналдо во дресот на Пари Сен Жермен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













