Connect with us

Реал Мадрид одбил 90 милиони евра за Федерико Валверде

Реал Мадрид отфрлил бомбастична понуда за играчот од средниот ред Федерико Валверде, тврдат шпанските медиуи. За 24-годишниот Уругваец на „Сантијаго Бернабеу“ пристигнала понуда вредна 90 милиони евра, но истата е категорично одбиена од Флорентино Перез. Во оваа фаза не се открива кој е клубот кој ја понудил сумата.


Пред неколку недели Карло Анчелоти објави дека е среќен со составот што го има по потписите на Аурелиен Чуамени и на Антонио Рудигер. Тогаш тренерот изјави дека клубот не планира да носи нови засилувања, а не се очекуваше продажба на клучните играчи, туку евентуално само на оние со периферна функција во составот.


Изненадувачки, сепак, пред неколку дена Реал Мадрид се раздели со Кашемиро кој за сума од околу 70 милиони евра се пресели во Манчестер Јунајтед. Ова дополнително го натера Анчелоти да ја блокира продажбата и на Валверде, бидејќи не сака да загуби уште еден клучен играч од средината на теренот неколку дена пред затворањето на преодниот рок.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови