Реал Мадрид и оваа сезона е фаворит од кој се очекува да освои многу трофеи. Во првенството води жестока битка со Барселона, а се надева дека ќе ја одбрани титулата европски шампион и ќе ја освои 16-та ѕвездичка во Лигата на шампионите, и тоа во премиерното издание на новиот формат.
Сепак, „кралскиот клуб“ оваа сезона има сериозни проблеми со повреди.
Ова особено важи за дефанзивниот дел на тимот. Давид Алаба, Хезус Ваљехо, Дани Карвахал и Едер Милитао се во поголема или помала мера надвор од игра, па италијанскиот стручњак Карло Анчелоти се бори секое коло да состави функционална одбранбена линија.
Според францускиот „Le 10 Sport“, Реал Мадрид поради тоа планира нов мега-трансфер.
Според нивните извори, Реал силно сака уште на зима да го донесе Вилијам Салиба, ѕвездата на Арсенал и француската репрезентација. Дваесет и тригодишниот стопер брзо се афирмираше како стартер на „топчиите“ и еден од најдобрите дефанзивци во англиската Премиер – лига. Тренерот на Реал е негов голем фан, наведува истиот извор.
Неговата вредност е проценета на околу 80 милиони евра, а францускиот медиум пишува дека тоа е почетната точка на преговорите за Реал. Сепак, шпанскиот гигант веројатно ќе треба да плати многу повеќе од споменатата сума.
Салиба ја започна кариерата во Сент Етјен, од каде што во 2019 година прејде во Арсенал за 12 милиони евра. Тој беше на позајмица во Марсеј и во Ница, а за лондонскиот клуб има 92 настапи, при што постигна пет гола и двапати асистираше.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski