Connect with us

Реал Мадрид му нуди нов договор на Марко Асенсио

Реал Мадрид е подготвен да го задржи Марко Асенсио во својот тим и следната сезона. Договорот на играчот истекува на лето, но клубот е подготвен да му понуди нов. Сепак, тоа ќе биде со многу пониски финансиски параметри од оние што ги добива играчот од средниот ред во моментов, откриваат шпанските медиуми.


Асенсио мора да процени дали таквата понуда му одговара. Во оваа фаза тој и неговиот агент Жорге Мендеш не брзаат да ја прифатат понудата на „кралскиот клуб“ и сакаат да ги разгледаат сите можни опции.


Можно е Асенсио да ја прифати понудата на Реал и да продолжи да игра на „Бернабеу“, по примерот на Серхи Роберто, кој на сличен начин прифати помала плата за да остане во Барселона.
Од друга страна, пак, Асенсио не е особено задоволен од минутажата што ја добива и се чини дека тешко ќе се избори со конкуренцијата на Родриго и Феде Валверде за место на десното крило во нападот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови