Францускиот напаѓач Карим Бензема минатата сезона го предводеше Реал Мадрид до 14. титула во Лигата на шампионите и трофејот во Ла Лига. Тој беше најдобар стрелец во елитното европско натпреварување со 15 голови, додека на првенствените натпревари во Шпанија постигна 27 гола.
По ваквите игри на 34-годишниот фудбалер, раководството на Реал Мадрид решија да му понудат нов договор до 2024 година.
Важечкиот договор на Бензема истекува на крајот од тековната сезона, а „кралевите“ би сакале да го задржат најмалку уште една година повеќе на „Сантијаго Бернабеу“.
Реал Мадрид е уверен дека нивниот напаѓач оваа година ќе биде прогласен за најдобар во светот и ќе ја добие „Златната топка“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













