Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на голманот Андриј Лунин, објавија шпанските медиуми. 25-годишниот Украинец одлично се снаоѓа како замена за повредениот Тибо Куртоа и „кралевите“ сакаат да го задржат во својот состав.
Актуелниот договор на Лунин истекува во летото 2025 година.
Реал се надева дека Украинецот ќе сака да остане во клубот и да биде прв избор додека Куртоа не закрепне. Белгиецот беше подложен на втора операција оваа недела и ќе паузира на неодредено време.
Андриј Лунин е дел од „кралскиот клуб“ од 2018 година, кога беше купен од Зорја Луганск. Во одредени периоди беше изнајмен во Валјадолид и во Овиедо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













