
Раководството на Реал Мадрид е многу блиску до обновувањето на договорот на Ферлан Менди, објавува весникот „Марка“. Сегашниот договор на играчот е до крајот на претстојната сезона, но тој ќе биде продолжен до летото 2027 година со опција за дополнителна сезона, што ќе зависи од бројот на одиграни натпревари.
Деталите околу продолжувањето на договорот на Менди се расчистени, и најверојатно официјално тоа ќе се случи по враќањето на „кралевите“ од турнејата во САД.
Иднината на Ферлан Менди беше под сериозен знак прашалник во последно време, а главна причина за тоа беа постојаните повреди на играчот. Сепак, во последната сезона тој успеа да се заштити од посериозни повреди и забележа вкупно 37 натпревари во дресот на Реал Мадрид.
Тој беше дел од составот на Франција на ЕВРО 2024, иако остана на клупата во сите натпревари и не влезе на теренот. Оваа ситуација најверојатно ќе ги намали амбициите на раководството на Реал Мадрид да се обидат да го доведат Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
