
Француската мегаѕвезда Килијан Мбапе ова лето најверојатно ќе стане играч на шпанскиот гигант Реал Мадрид. На својот сегашен клуб Пари Сен Жермен веќе му најави разделба.
„Кралскиот клуб“ првично имаше план да го претстави францускиот репрезентативец пред почетокот на ЕВРО 2024, но мадридскиот весник „АС“ излезе со информација дека тоа најверојатно нема да се случи. Презентацијата на Мбапе во Реал Мадрид ќе се одржи во август.
Кусиот период меѓу крајот на сезоната и почетокот на ЕВРО 2024 е клучен за ваквата одлука на клубот. Реал најверојатно ќе ја претстави мегаѕвездата по претсезонската турнеја низ САД, која завршува во август.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski