Капитенот на Реал Мадрид, Начо Фернандез, денеска официјално го напушти „кралскиот клуб“.
Во емотивна објава, Реал Мадрид се прости од својот верен војник, кој пристигна во клубот уште како десетгодишно момче, во далечната 2001 година.
Тој помина низ сите младински категории на академијата на Реал Мадрид сè до дебито за првиот тим во 2012 година. Оттогаш играше во текот на 12 сезони во една од најславните ери во историјата на Реал Мадрид.
За Реал одигра 364 натпревари, освои 26 трофеи, меѓу кои шест Лиги на шампиони и четири Ла Лиги.
Откако ја освои Лигата на шампионите на „Вембли“, сфати дека е време за нови предизвици и одлучи да замине како слободен играч.
Наводно веќе се договорил и ќе го продолжи својот кариерен пат во Саудиска Арабија. Начо по Европското првенство ќе потпише договор до јуни 2026 година со Ал Кадсија.
Шпанецот ќе добие плата од дури 20 милиони евра годишно, што не можел да ја одбие.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













