Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона покажуваат интерес за дефанзивецот на германскиот шампион Баер Леверкузен, Џонатан Тах, објавија германските медиуми.
Реал Мадрид веќе остварил преговори со претставници на дефанзивецот, чиј договор со Баер важи до летото 2025 година. Барселона ја следи ситуацијата и исто така е подготвена да испрати понуда за германскиот дефанзивец. Се очекува Тах да донесе одлука за својата иднина во јануари 2025 година.
„Баерн повеќе не води во трката за Џонатан Тах. Реал Мадрид е заинтересиран и веќе разговарал со претставниците на играчот. Барселона исто така покажува интерес. Играчот повторно ќе ја разгледа својата ситуација и може да донесе одлука во јануари со цел потенцијален бесплатен трансфер следното лето“, се вели во германскиот печат.
Минатото лето германскиот гигант Баерн Минхен се обиде да го донесе играчот на „аспирините“, но тој остана во редовите на Баер Леверкузен.
Оваа сезона, фудбалерот одигра четири натпревари за шампионот на Германија. Трансферната вредност на 28-годишниот играч на Баер Леверкузен изнесува околу 30 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













