Шпанскиот гигант Реал Мадрид е во интензивна потрага по нов фудбалер за врска откако Тони Крос одлучи да стави крај на блескавата кариера. Германецот се прости од „Бернабеу“ со титула во Лигата на шампионите, а последниот меч го одигра во дресот на националниот тим против Шпанија во четвртфиналето на Европското првенство.
„Кралскиот клуб“ мора брзо да реагира, отпадна опцијата за Николо Барела од Интер, кој одлучи да го продолжи договорот со италијанскиот шампион, па Флорентино Перез и Карло Анчелоти се насочија кон Премиер – лигата и Њукасл.
Реал Мадрид сака да го купи Бруно Гимараеш, бразилскиот играч од средниот ред, но тоа ќе ги чини околу 100 милиони евра. Тој има договор со Њукасл до 2028 година, но веќе дал начелна согласност за негов трансфер во Реал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













