Хрватскиот интернационалец Лука Модриќ во новата сезона ќе биде прв капитен на Реал Мадрид. Сега и официјално потпиша нов едногодишен договор со „кралскиот клуб“.
Модриќ немаше дилема дека треба да остане на „Бернабеу“ иако имаше многу побогати понуди од клубови од Саудиска Арабија и од МЛС – лигата на САД. Сепак, Хрватот сака кариерата да ја заврши на највисоко ниво.
Тој ќе има можност да стане и највозрасниот фудбалер во историјата на Реал Мадрид. Сегашниот рекорд го држи легендарниот Ференц Пушкаш кој последниот меч за Реал го одигра со 39 години и 36 дена.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













