Германскиот репрезентативец Флоријан Вирц е следната цел на Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ има сериозен план за негов ангажман на „Сантијаго Бербабеу“ следното лето. Токму затоа скаути на клубот ја следеа неговата игра и на мечот меѓу БиХ и Германија.
Хосе Анхел Санчез и Јуни Калафат, директорот и скаутот на „кралевите“, веќе го информирале играчот и неговиот татко, Ханс Јоаким, дека Реал Мадрид е подготвен да го доведе Вирц во своите редови.
Во Мадрид, младиот Германец го гледаат како идеална замена за Лука Модриќ, кој наскоро ќе се повлече од фудбалот, наведува „АС“, а за неговото ангажирање ќе бидат потребни 150 милиони евра.
Дури и Михаел Решке, добро позната личност во германскиот фудбал, кој работеше во Баер Леверкузен и во Баерн Минхен, изјави дека Вирц размислува за Реал.
„Иако Баерн е меѓу петте најголеми клубови во светот, јасно е дека Вирц размислува за потпис со Реал“, изјави Решке, кој работел цели 35 години во германскиот фудбал на разни позиции.
Германецот денес работи за една престижна менаџерска агенција, а по веста за Вирц, тој отиде чекор понатаму и изјави дека Чаби Алонсо ќе го замени Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













