
Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Аурелиен Чуамени, ќе го пропушти финалето од Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд, пишува „Марка“. Францускиот репрезентативец се повреди на реванш полуфиналниот натпревар против Баерн Минхен, во триумфот од 2-1.
Тој има скршена метатарзална коска на левото стапало што ќе го спречи да учествува во клучниот натпревар на „Вембли“ на 1 јуни.
Чуамени се консултирал со различни лекари со надеж дека ќе може да се опорави за средбата со „жолто-црните“. Тој дури отпатувал во САД за да го слушне мислењето на американски специјалист. Сепак, лекарите го советуваа да не брза, а сега целта на фудбалерот е да се опорави за ЕВРО 2024, кој започнува на 14 јуни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
