Ѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингам, нема да може да му помогне на тимот на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Лајпциг. Тој заработи повреда на вчерашниот меч против Џирона (4-0) поради која ќе биде надвор од теренот најмалку две седмици.
Лекарскиот тим на Реал денеска изврши детални прегледи и на Белингам му е констатирано истегнување од висок степен на лигаментите на левиот скочен зглоб.
Англичанецот најверојатно ќе пропушти четири натпревари за „кралскиот клуб“. Тој нема да биде дел од тимот на мечевите против Лајпциг, Рајо Валјекано, Севилја и против Валенсија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Зиелински го нокаутира Јуве во 90.минута (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Аталанта славеше против Лацио на „Олимпико“













