
Фудбалерите на Реал Мадрид в сабота ја пречекуваат Џирона во директна пресметка во борбата за титулата, но Карло Анчелоти има големи кадровски проблеми пред овој меч.
Антонио Рудигер се уште е повреден, а денеска не тренираше и Начо Фернандез, кој исто така е знак прашалник за овој дуел. Ако на тоа се додаде дека Едер Милитао и Давид Алаба се подолго време надвор од терените, тогаш Анчелоти во моментов не може да смета на ниту еден стопер.
Во Мадрид се надеваат дека барем еден од двајцата, Рудигер или Начо ќе биде подготвен до сабота, а алтернатива ако треба е Дани Карвахал, како против Атлетико Мадрид.
Инаку, Винисиус Жуниор се уште не тренира со тимот поради повредата поради која го пропушти мадридското дерби, но се очекува да биде подготвен до сабота.
Ниту Џирона не е во подобра позиција, бидејќи суспендиран е незаменливиот стопер Дејли Блинд, како и Јанхел Ерера, а суспендиран е и тренерот Мичел кој дуелот за титулата ќе мора да го следи од трибините.
Натпреварот Реал Мадрид – Џирона е закажан за в сабота од 18:30 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
